• сабота, 27 јули 2024

Од 15 јуни во Велика Британија се отвораат објектите за трговија на мало

Од 15 јуни во Велика Британија се отвораат објектите за трговија на мало
Лондон, 26 мај 2020 (МИА) - Велика Британија планира да ги отвори трговските објекти што не се од првостепена важност на 15 јуни, изјави премиерот Борис Џонсон. Мерката ќе опфати мали продавници и трговски центри. Фризерските салони и козметички салони како и хотелите, ќе останат затворени поради опасноста од пренесување на Ковид-19 во нив. Џонсон на прес-конференција изјави дека пазарите на отворено и дилерите на автомобили можат да продолжат со работа од 1 јуни, се додека ги почитуваат мерките против коронавирусот. - Отворањето на тие бизниси е клучен чекор на патот за обнова на економијата, изјави Џонсон. зш/

Остани поврзан