• вторник, 12 ноември 2024

Од 15 ноември за влез во објектите ќе се бара сертификат за две дози вакцина

Од 15 ноември за влез во објектите ќе се бара сертификат за две дози вакцина
Скопје, 26 октомври 2021 (МИА) - Од 15 ноември 2021 година за влез во секаков вид на објекти од отворен и затворен тип ќе биде потребен сертификат или потврда за извршена имунизација (вакцинација) од Ковид-19, односно примени две дози на вакцина, или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. - Владата на денешната седница донесе заклучок до 14 ноември 2021 година е потребно сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест Ковид-19, а од 15 ноември 2021 година сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози на вакцина против заразната болест Ковид-19, соопшти владината прес-служба. мс/нд/  

Остани поврзан