Од 15 до 20 април, акција за одложување кабаст отпад во Центар
- СООПШТЕНИЕ - Општина Центар ја започна третата акција за собирање кабаст отпад, која ќе се одржи од 15 до 20 април. По успешните акции во февруари и март, жителите ќе можат бесплатно да го одложат отпадот во контејнерите за таа намена поставени на следниве локации:

15 април 2025
Општина Центар ја започна третата акција за собирање кабаст отпад, која ќе се одржи од 15 до 20 април. По успешните акции во февруари и март, жителите ќе можат бесплатно да го одложат отпадот во контејнерите за таа намена поставени на следниве локации:
- ДЕБАР МААЛО - ПАРК
ул. „Наум Наумовски Борче“ – кај Партизан
- ДЕБАР МААЛО
ул. „Алберт Ајнштајн“ кај КСП - Центар Јадро
- БУЊАКОВЕЦ
ул. „Киро Крстевски Платник“, кај кривината со ул. „Рајко Жинзифов“
- БУЊАКОВЕЦ
на аголот на улиците „Борка Талевски“ и „Костурски херои“
- ПРОЛЕТ
бул. „Крушевска Република“, спроти Веро Џамбо
- ВОДНО
ул. „Питу Гули“, кај кошаркарското игралиште
„Апелирам да продолжиме со одговорното одлагање на овој вид отпад. Искористете ги поставените локации за да го направиме Центар почист и поурбан“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Акцијата се реализира во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, како дел од Акцискиот план за чист воздух.
Паралелно, продолжува и големата кампања за чистење под мотото „Центар чисти, Центар не чека“.
Општина Центар
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.