• среда, 27 ноември 2024

Од 14-те новозаболени во Скопје, шест се во Бутел, два во Чаир и по еден во Карпош, Кисела Вода, Студеничани, Сопиште, Ѓорче Петров и Арачиново

Од 14-те новозаболени во Скопје, шест се во Бутел, два во Чаир и по еден во Карпош, Кисела Вода, Студеничани, Сопиште, Ѓорче Петров и Арачиново
Скопје, 27 мај 2020 (МИА) - Од денешните 14 новозаболени во Скопје, шест се во Бутел, два во Чаир, еден во Карпош, Кисела Вода, Студеничани, Сопиште, Ѓорче Петров и Арачиново, истакна директорот на Центарот зс јавно здравје - Скопје Арбен Зибери на „Топ тема“ на телевизија Телма. Вели дека има заболени во речиси сите скопски општини, но добрата вест, според него, е тоа што сите се поврзани со некој веќе претходно потврден случај. - На пример, ако се сеќавате имаше дури 20 од едно исто семејство во Сингелиќ, вчера имавме 9 од исто семејство во Чаир. Имаме од сите општини, но добрата вест е, јас би рекол, тоа што сите се веќе поврзани или со некој претходно дијагностициран којшто е позитивен. Значи, сите се нивни контакти, рече Зибери. Посочи дека во територијата на Град Скопје од 1.100 досега тестирани во градинките, позитивна е само една вработена. Додаде освен во државните градинки се вршат тестирања и во приватните градинки. - Од прилика во Скопје има некаде околу 2.000 вработени во градинките според списоците што ги добивме од МТСП. Досега ние сме на 1.100 тестирани, значи не очекуваат уште малку. Мислам дека до крајот на оваа недела, бидејќи работиме и во саботи и во недели, ќе ги завршиме градинките и во зависност од тоа што ќе предложи Комисијата за заразни болести, ние ќе продолжиме со скринингот на други целни групи во Градот Скопје, рече Зибери. Тој информира дека од утре ИЈЗ во соработка со Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести ќе почне со тестирање на нивните брисеви што ги собираат на терен. Посочи дека тие имаат капацитет да направат до 50 тестови на ден.фф/са/

Остани поврзан