• четврток, 26 декември 2024

Од 1 ноември годинава нискобуџетската „Изи Џет“ ќе лета на релација Скопје - Женева

Од 1 ноември годинава нискобуџетската „Изи Џет“ ќе лета на релација Скопје - Женева
Скопје, 24 август 2021 (МИА) - Нискобуџетската авиокомпанија „Изи Џет“ од Велика Британија официјално од 1 ноември годинава ќе лета на релација меѓу Скопје и Женева, Швајцарија. Првично на релацијата ќе има по два лета неделно, секој понеделник и петок, а од декември ќе зголемување на три лета неделно, а летот ќе трае два часа и 15 минути. Според анализите на ОАГ, во предпандемската 2019 година на релација Скопје - Женева индиректно патувале 3.923 патници, додека лани само нешто над 600 патници, пишува „exyuaviation.com“. аа/са/

Остани поврзан