• четврток, 26 декември 2024

Од 1 август шест грчки пристаништа отворени за крузери

Од 1 август шест грчки пристаништа отворени за крузери
Атина, 28 јули 2020 (МИА) - Преку информативен допис до Меѓународното здружение на крузери и три големи компании кои работат со крстарења, министерот за туризам на Грција Харис Теохарис, официјално соопшти дека од 1 август 2020 година, шест грчки пристаништа ќе бидат отворени за крузери, јави дописничката на МИА од Атина. За бродовите за крстарење отворени ќе бидат пристаништата на островите Родос, Крит и Крф, во Волос,  на Пелопонез, како и најголемото грчко пристаниште Пиреас. По првото закотвување на некое од овие шест пристаништата, крузерите ќе имаат можност да пристапат до било кое друго грчко пристаниште вклучено во нивната програма. -Сите бродови за крстарење се добредојдени во Грција за да им понудат уникатно искуство на патниците, напишал Теохарис во писмото, соопштуваат од грчкото Министерството за туризам. Објаснил дека здравствените процедури и протоколи што ќе се применуваат под надзор на грчките власти се врз основа на објавените стандарди на Европската унија. Паралелно, министерот за туризам на Грција, побарал од најголемите меѓународни туристички агенции за крстарење, на нивните клиенти, да им препорачаат  патување во Грција и по завршувањето на летната сезона. -Тековната сезона се продолжува до крајот на годината, потенцирал Теохарис во писмото.ср/сд/

Остани поврзан