• недела, 24 ноември 2024

Од јавни површини во Скопје отстранети 125 непрописно паркирани возила

Од јавни површини во Скопје отстранети 125 непрописно паркирани возила
Скопје, 3 јуни 2022 (МИА) - Изминатата недела, во периодот од 26 мај до 1 јуни 2022 година, специјалните возила „пајак“ отстранија вкупно 125 возила од јавните површини, соопшти Град Скопје. Непрописно паркираните возила се отстранети по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци за паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице. Јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. - Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, на време да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата. Плаќањето за паркинг услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, се наведува во соопштението. мд/сп/

Остани поврзан