• четврток, 26 декември 2024

Од четврток до недела портокалова фаза, Министерство за здравство со препораки за заштита од високи температури

Од четврток до недела портокалова фаза, Министерство за здравство со препораки за заштита од високи температури

Скопје, 20 јули 2022 (МИА) - Територијата на целата држава следните четири дена, од четврток до недела, ќе биде зафатена со високи температури од портокалова фаза. Во овој период ќе важат препораките за намалување на ризиците од високи температури.

Како што соопштија од Министерството за здравство, се препорачува ослободување од работни обврски на најранливите групи население, како што се бремените жени и хронично болни лица. Исто така, во установите за згрижување на децата, градинки, да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да укажат помош на постари, изнемоштени лица и бездомници.

-Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик врз здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област, соопштија од Министерството за здравство.

Од Министерството потсетуваат дека населението во летниот период потребно е да ги почитува општите мерки за заштита на здравјето.

Поточно, во текот на екстремно топли денови да се остане повеќе во затворени простории, пред се климатизирани, а при неопходен престој на отворен простор во овој период да се најде можност за почести одмори под сенка. 

Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце да се носат заштитни очила и капа, а при сончање да се користи крем со висок заштитен фактор. 

Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку мрсна храна.  

Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.  

При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри. 

Хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија, во консултација со матичните лекари. 

Исто така, поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на свеж зеленчук и овошје пред нивната употребатермичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу краток рок по подготовката, како и избегнување термички необработени производи.бт/цр

  

Остани поврзан