• среда, 25 декември 2024

Од чанта во воз во Париз украдени плановите за обезбедување на Олимписките игри

Од чанта во воз во Париз украдени плановите за обезбедување на Олимписките игри

Париз, 28 февруари 2024 (МИА) - Од воз на париската железничка станица Гаре ду Норд е украдена торба со компјутер и два УСБ-стикови со полициските планови за обезбедувањето на Олимпијадата во Париз.

Чантата му припаѓа на инженер вработен во Градското собрание на Париз. Овој 56-годишник и објаснил на полицијата дека завчераутро ја ставил торбата во багажниот простор над седиштето во возот.

Исчезнувањето на вредната торба го открил кога поради доцнењето сакал да се префрли во друг воз.

Истрагата ја води сообраќајната полиција, на која инженерот и потврдил дека во чантата го носел својот работен компјутер и два УСБ со чувствителни податоци, т.е. плановите за обезбедување на Летните олимписки игри во Париз, што ќе се одржат од 26 јули до 11 август.

Париз ќе мобилизира околу 2.000 агенти за обезбедување на Олимпијадата, со вкупно 35.000 припадници на безбедносните сили кои ќе бидат на должност секој ден. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан