• понеделник, 29 јули 2024

Од утре стабилно време, в среда повремен дожд и грмежи

Од утре стабилно време, в среда повремен дожд и грмежи
Скопје, 4 мај 2020 (МИА) - Времето од утре ќе биде стабилно, освен в среда, кога ќе има повремен дожд, а локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура во Скопје утре ќе биде 5, а максималната 23 степени. В среда, пак, минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната од 13 до 20 степени. В среда и в четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер. бт/сп/

Остани поврзан