Од утре затворен за сообраќај дел од Кавадарци поради градежни активности
- Дел од Кавадарци од утре ќе биде затворен за сообраќај поради градежни активности, информираа денеска од локалната самоуправа.
Кавадарци, 5 февруари 2026 (МИА) - Дел од Кавадарци од утре ќе биде затворен за сообраќај поради градежни активности, информираа денеска од локалната самоуправа.
- Поради започнување на градежни работи, од утре улицата „Миле Вчков“ ќе биде целосно затворена за сообраќај, на делницата од спојот со улицата „Браќа Хаџитефови“ до спојот со улицата „Тиквешко востание“. Сообраќајот од улицата „Браќа Хаџитефови“ ќе биде пренасочен кон улицата „Ило Костов“, каде за времетраење на градежните активности ќе се одвива двонасочен сообраќај, а паркирањето нема да биде дозволено, појаснија од Општина Кавадарци.
Од локалната самоуправа побараа од граѓаните трпение и почитување на привремената сообраќајна сигнализација. свд/са/
Фото: МИА архива