• среда, 27 ноември 2024

Од утре автобусите 100 и 200 ќе сообраќаат до Саемот на книга во СЦ „Борис Трајковски“

Од утре автобусите 100 и 200 ќе сообраќаат до Саемот на книга во СЦ „Борис Трајковски“
Скопје, 3 мај 2022 (МИА) - Во редовниот линиски превоз од утре до понеделник, 9 мај 2022, ќе бидат вклучени две привремени линии, 100 и 200, кои ќе сообраќаат до СЦ „Борис Трајковски“. Првата ќе сообраќа од Ново Лисиче, а втората од Дексион. Како што соопшти ЈСП „Скопје“, и двете линии се воведуваат за полесен пристап на посетителите на манифестацијата „Саем на книга 2022“, што ќесе одржува во СЦ „Борис Трајковски“. Цените на автобуските билети се според официјалниот ценовник на ЈСП „Скопје“, а возниот ред е достапен на веб страната на претпријатието. Автобусот со број 100 ќе се движи од улицата „Февруарски поход“, булевар „Видео Смилевски - Бато“, булевар „Јане Сандански“, булевар „Кузман Јосифовски - Питу“, булевар „Кочо Рацин“, улица „11 Октомври“, улица „Димитрие Чуповски“, булевар „Св. Климент Охридски“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, Арена „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса. Автобусот со број 200 ќе сообраќа по улицата „Црногорска“, улица „Кузман Шапкарев“, улица „Ѓорче Петров“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса. мд/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан