• среда, 18 декември 2024

Од Струмица почна кампањата „Не е до нив, до тебе е“

Од Струмица почна кампањата „Не е до нив, до тебе е“

Струмица, 8 април 2024 (МИА) - Со настапи на ди-џејот Мац и актерот Бојан Кирковски со свој стенд ап вечерва од Струмица беше означен почетокот на кампањата многу изговори, а една реалност - „Не е до нив, до тебе е“. Според организаторите „Не е до нив, до тебе е“ е моќна кампања во која никој ништо не ветува, а сепак секој делува за поголема одговорност пред својата граѓанска должност.

-Затоа што секогаш ќе наидете на некој што ќе ви каже „Твоето едно гласче на овие избори нема да промени ама баш ништо“, подготвена е и видео приказна со силна порака која ќе биде најсилен демант на сите такви коментари. Одговорот е јасен и едноставен „Ќе гласам затоа што дефинитивно не е до нив, до мене е“. „Не вреди да гласаш“, „Нема ништо да се смени“, „Еден глас ништо не менува“, „Сѐ ќе биде исто“... И така до недоглед, може да се набројуваат изговори кои нѐ делат од иднината што ја посакуваме и која можеме сами да ја креираме, затоа не е до нив, до тебе е - гласај без изговори, беше кажано вечерва во Струмица.

Бојан Кирковски, Александар Микиќ, Тања Кочовска, Емра Куртишова, Ненад Георгиевски, Филип Поповски, Стефан Лазаров, Александар Динев, Сара Мејс, Денис Абдула, Христијан Станковски-Бомбакис, Вера Јанковиќ, Сашо Шотаровски, Алмедина Исмаили, Бисера Чадловска, Христијан Бузалковски, Горан Микиќ и Виктор Камнар ги тргнаа сите изговори на страна и се приклучија кон кампањата, со цел секој од нив да ја искористи моќта на гласот. Познатите, заедно со граѓаните ќе се обидат да ги променат навиките и да ја издигнат свеста во Македонија за вредноста на правото на глас на повисоко ниво.

Оваа моќна порака ќе патува низ повеќе градови во Македонија и ќе стигне до секој што има дури и најмал сомнеж дека неговиот глас нема да направи промена. Караванот „Не е до нив, до тебе е“, кој почна вечерва во Струмица, ќе продолжи во Штип, Карпош, Аеродром,Велес, Ѓорче Петров, Куманово, Кочани, Центар, Битола, Прилеп и Охрид. рт/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан