• среда, 13 ноември 2024

Од струен удар животот го загуби 22-годишник од тетовско Боговиње

Од струен удар животот го загуби 22-годишник од тетовско Боговиње
Тетово, 1 септември 2022 (МИА) - Тетовската полиција информира дека кај нив е пријавен смртен случај на 22-годишник од Боговиње, кој животот го загубил поради повреди здобиени од струен удар. Трагичниот настан се случил во соседното Камењане, каде 22-годишниот работел како градежен работник. - Денеска (1 септември) во 12 часот и 20 минути во СВР Тетово пријавено е дека во тетовската Клиничка болница бил донесен 22-годишниот Е. И. од тетовско Боговиње кој претходно, според првично пријавеното, задобил тешки телесни повреди од струен удар додека бил ангажиран на изведување на градежни работи (фасадирање) на училишен објект во тетовско Камењане.По извршениот преглед, лекарите констатирале негова смрт. По наредба на Јавниот обвинител ќе се врши обдукција на бeзживотното тело на Е. И. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. Увидот е во тек со учество на јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. ас/цр

Остани поврзан