• среда, 26 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Од среда возови од Скопје кон Битола и обратно ќе сообраќаат еднаш дневно 

Од среда возови од Скопје кон Битола и обратно ќе сообраќаат еднаш дневно 

Скопје, 22 октомври 2023 (МИА) – Од 25 октомври се укинуваат по два воза дневно на релацијата Скопје-Битола-Скопје, што значи дека патниците од среда на оваа релација ќе можат да ги користат само возовите кои поаѓаат од Скопје во 14:30 часот и во 03:13 часот од Битола.

Железници на Република Северна Македонија - Транспорт АД Скопје на нивната официјална страна без да наведат подетални информации соопштуваат дека овие измени ќе важат се до нивно отповикување. свс/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан