• четврток, 26 декември 2024

Од сметката на „Виркард“ исчезнаа 1,9 милијарди евра

Од сметката на „Виркард“ исчезнаа 1,9 милијарди евра
Берлин, 23 јуни 2020 (МИА) – Управниот совет на „Виркард“ (Wirecard) утврди дека од сметката на гермаската компанија за платежни услуги недостигаат 1,9 милијарди евра. Компанијата тврди дека најверојатно ревизорите добиле лажна документација за банкарските сметките и оти не може да се исклучи можноста „Виркард“ да е жртва на измама. Откако беше утврдено дека недостигаат околу две милијарди евра од сметката на „Виркард“ водечките луѓе на компанијата поднесоа оставки, додека акциите во петокот забележаа пад од 26 проценти и чинеа 29,30 евра. Всушност акциите на „Виркард“ паднаа за 84 отсто во споредба со нивната највисока вредност во август 2018 година. „Виркард“ првично ги оспоруваше наводите на „Фајненшл тајмс“ за нерегуларности во сметководството и тврди дека е жртва на шпекуланти. ми/

Остани поврзан