• сабота, 23 ноември 2024

Од скопските општини најмногу заболени - 27 има во Карпош, возраста на заболените во земјава од 2 до 91 година

Од скопските општини најмногу заболени - 27 има во Карпош, возраста на заболените во земјава од 2 до 91 година
Скопје, 27 март 2020 (МИА) - На пошироката територија на Скопје заболени со корона вирус има пријавено во десет општини и тоа во Карпош - 27, во Гази Баба, Кисела Вода и Центар по 20,  Ѓорче Петров -11, Аеродром - 8, Сопиште - 7, Бутел - 4, Чаир - 3 и Илинден - 2, информираат од Институтот за јавно здравје. Заклучно со 26 март пријавени се вкупно 219 случаи на Ковид-19, што е 10,6 на 100 илјади жители. Според место на постојано живеење, случаи на Ковид 19 се регистрирани во десет градови: Скопје - 134, Дебар - 43, Куманово - 17, Штип - 8, Прилеп - 6, Велес - 3, Охрид - 3, Кавадарци - 2, Тетово - 2 и Гостивар - 1. Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 154,9 заболени на 100.000 жители, а во Скопје инциденцата е 21,7 на 100.00 жители, додека во Штип инциденцата на 100.000 жители е 15,2. Возраста на заболените се движи од 2 до 91 години. Најголем број на заболени се на возраст од 30-39 години – 51 (23,3%) и 50-59 години – 50 (22,8%) каде е регистрирана и највисока специфична инциденца од 18,0/100.000 жители. Состојбата со коронавирусот во земјава по општини, вклучително и за градот Скопје е достапна на веб-страницата на Институтот за јавно здравје.аа/ац/  

Остани поврзан