• сабота, 23 ноември 2024

Од РЦУК Велес апелираат за внимателно возење поради чести одрони на автопатот Скопје-Велес

Од РЦУК Велес апелираат за внимателно возење поради чести одрони на автопатот Скопје-Велес

Велес, 18 декември 2023 (МИА) - Расчистени се одроните од карпи што попладнево паднаа на 100 метри пред тунелот во правец Катланово накај Велес. Од РЦУК Велес апелираат до возачите на автопатот Скопје –Велес, поради чести одрони за карпи на автопатот да возат со помала брзина и повнимателно во интерес на својата безбедност како и на остаите учесници во соообраќајот. За сите одрони на пат да пријават на бројот 112 или 196.

Од РЦУК Велес за МИА информираат дека во изминатите пет-шест дена се случиле многу одрони од карпи од автопатот Скопје-Велес, па и денеска имале десетина повици за паднати поголеми и помали одрони од карпи, по што за кратко време биле отстранети од дежурните екипи на ЈП за Одржување и заштита на магистрални и регионални патишта кои постојано се на терен и го расчистуваат автопатот од одрони. ад/цр

Фото: МИА архива

Остани поврзан