• четврток, 12 февруари 2026

Од почетокот на следната недела заладување и врнежи од снег на повисоките места

Од почетокот на следната недела заладување и врнежи од снег на повисоките места

Скопје, 11 февруари 2026 (МИА) - Продолжува периодот на променливо облачно време проследено со повремени врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

Во почетокот на новата седмица се очекува продор на постуден воздух од север, проследен со засилен северен ветер. Поради заладувањето, врнежите од дожд постепено ќе преминуваат во снег, и тоа не само на планините туку и на некои повисоки места во земјата. дма/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан