• недела, 24 ноември 2024

Од понеделник ќе почне да функционира капелата кај православните гробишта во Тетово

Од понеделник ќе почне да функционира капелата кај православните гробишта во Тетово

Тетово, 6 април 2023 (МИА) - Општина Тетово најави дека од понеделник 10 април ќе почне да функционира капелата кај православните гробишта.  Со тоа при смртен случај, телото на починатиот наместо дома до времето за погреб ќе може да се чува во капелата кај православните гробишта. Надлежноста за капелата ја има општинското јавно комунално претријатие „Тетово“. 

-Поправките и опремувањето на капелата во склоп на православните гробишта во Тетово се завршени. Комплетирани се сите административни процедури и капелата ќе започне да работи од 10.04.2023 година.  Ние изнаоѓаме решенија за вистинските проблеми на нашите граѓани, информираа од Општина Тетово.

Пред една недела на 13-та седница на Советот на Општина Тетово беше усвоен ценовникот за користење на новоизградената капела за православните гробишта, со што, беше најавено дека се создадени сите услови тој објект да почне да функционира. Капелата почна да се гради во октомври 2015, а се заврши во текот на 2018 година. Следуваат повеќе години во очекување на надминување на пропусти околу функционалноста, како и соодветна документација. ас/дма/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан