• понеделник, 11 ноември 2024

Од понеделник во училиштата во Македонска Каменица ќе се интонира државната химна

Од понеделник во училиштата во Македонска Каменица ќе се интонира државната химна

Македонска Каменица, 24 ноември 2023 (МИА) - Македонска Каменица се вбројува во општините, каде наставата во сите училишта  секој понеделник ќе започнува со интонирање на државната химна. Одлуката едногласно ја усвои Советот на Општината на вечерашната одржана седница.

-Едногласно изгласаната одлука од Советот на општина Македонска Каменица доаѓа по иницијатива од градоначалникот на Општината, Димчо Атанасовски. Се работи за иницијатива преку која во иднина и на територијата на Општина Македонска Каменица ќе се изразува почит кон татковината. Целта е подигање на националното чувство и љубовта на дечињата кон Македонија, македонската култура и традиција, се вели во текстот од иницијативата.

Одлуката ќе важи за основното и средното училиште во градот, како и подрачните училишта во руралните средини.

Според одлуката усвоена на 32-та Седница на Советот на општина Македонска Каменица, секој понеделник пред почетокот на наставата државната химна ќе биде интонирана во Средното општинско училиште „Миле Јаневски Цингар“, Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“, како и подрачните училишта на целата територија на Општина М.Каменица. вс/мд/

Фото: МИА архива 
 

Остани поврзан