• вторник, 24 декември 2024

Од полноќ за денар ипол поевтини бензини

Од полноќ за денар ипол поевтини бензини

Скопје, 22 јули 2024 (МИА) - Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи да ги намали цените на бензините. Од полноќ за денар ипол поевтинува Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Еуродизелот, а Екстра лесното масло за домаќинство за еден денар. 

Се намалува и малопродажната цена на Мазутот за 1,152 ден/кг кој од полноќ ќе се продава по цена од 45,757 ден/кг.

Според одлуката на РКЕ, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 81,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 83,5 денари за литар, а дизелот по цена од 74 денари за литар. Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 72,5 денари. бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан