• недела, 24 ноември 2024

Од печат излезе „Алгоритмеа“ - прва поема „напишана“ од вештачка интелигенција

Од печат излезе „Алгоритмеа“ - прва поема „напишана“ од вештачка интелигенција
Скопје, 6 мај 2022 (МИА) - Во издание на издавачката куќа „Полица“ од печат излезе „Алгоритмеа: Евлогија за дигиталните богови“, прва поема „напишана“ од компјутерска програма, вештачко-интелигентниот тест-софтвер Аполон СМ-165.exe. Делото на 85 страници е генерирано во лирско-епски облик според стилот на Стефан Марковски. Како што истакнува Ефтим Клетников, станува збор за „екстраексклузивна, апартна поема, која во својот епицентар го има Homo Technologicus или Homo Digitalis. Тоа е карналниот човек создаден од оживеаната глина на Господ, кого сега го зграпчил дигиталниот Робеспјер, преведувајќи го целосно од онтологија во технологија. Во поемата се поставува и прашањето дали она на Калдерон „Животот е сон“ во екстра модерната технолошка ера не е совршено реализирано како алгоритам, како апстрактна математичка формула. Или, по аналогија, уште дали она на Шекспир дека сме составени од „материјата на сонот“ сега не е преформулирано во од „материјата на дигиталната технологија“. Поемата претставува проект кој е резултат на тестирањето на два типа софтвер, поаѓа од еден умствен експеримент во теоријата на вештачката интелигенција познат како Базилискот на Роко. Во поемата е приложен и дел од кодот врз основа на кој истата беше генерирана од програмскиот јазик Python, а во книгата се вклучени и илустрации од Вангел Срнаков. ар/сп/

Остани поврзан