• сабота, 23 ноември 2024

Од петок времена измена на сообраќајот на патот Подмоље - Охрид

Од петок времена измена на сообраќајот на патот Подмоље - Охрид
Кичево, 15 февруари 2022 (МИА) - Поради изведување градежни работи на новиот автопат Кичево - Охрид,  од петок ќе има дислокација односно пренасочување на сообраќајот на потегот од Подмоље до Охрид во должина од 6.970 метри, информираат од компанијата главен изведувач на патот „Синохидро Корпорејшен Лимитед“. Од компанијата посочуваат дека на оваа делница од патот ќе се изврши измена на сообраќајот и пренасочување од лева на десна коловозна лента во правец кон Охрид и дека по завршувањето на градежните работи, повторно сообраќајот ќе биде воспоставен во првобитната ситуација. - Во овој период ќе се превземат сите неопходни мерки за обезбедување и регулирање на сообраќајот, согласно сообраќајното решение за времена измена на режимот, појаснуваат од кинеската компанија. за/цр

Остани поврзан