• среда, 25 декември 2024

Од Охрид стартува форматот Б6

Од Охрид стартува форматот Б6
Скопје, 30 јуни 2021 (МИА) - Новата регионална иницијатива Б6 стартува од Охрид, на иницијатива на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој вечерва ќе им биде домаќин на министрите за надворешни работи и нивни претставници од регионот. Целта на новата регионална иницијатива Б6, како што информираат од МНР, ќе биде министрите за надворешни работи од регионот да се консултираат едни со други пред разни состаноци преку што ќе имаат поголемо влијание врз прашањата од заеднички интерес. Иницијативата ќе биде политичка платформа наменета за продлабочување на соработката и врските меѓу земјите од регионот, налик на сличните форуми во рамките на европските земји, како што се Ц5 или В4. аа/са/

Остани поврзан