• петок, 25 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Од недела заладување со дожд, снег и ветер

Од недела заладување со дожд, снег и ветер

Скопје, 4 април 2025 (МИА) - Во недела ќе има брз продор на студена воздушна маса од север, кој ќе предизвика значителна промена на времето, соопшти УХМР.

Ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд, а на повисоките места од дожд и снег. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка (10 до 15см). Ќе дува засилен северен ветер (над 70км/ч.) и температурите значително ќе опаднат.

Во понеделник со засилен северен ветер наместа повремено ќе провејува слаб снег. Потоа времето ќе биде стабилно и ветровито со утринските температури кои насекаде ќе бидат негативни./

Фото: МИА

Остани поврзан