• четврток, 26 декември 2024

Од мај основците од Центар ќе учат италијански јазик

Од мај основците од Центар ќе учат италијански јазик
Скопје, 10 февруари 2022 (МИА) - Книги, учебна литература, професори и други видови на поддршка на денешната средба договорија градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и аташето за култура во Амбасадата на Република Италија, Марко Пешетели. Како што соопштуваат од општинската прес-служба, на средбата, покрај Герасимовски и Пешетели, присуствувале и директорките на осумте општински училишта и надлежните општински служби. - Денешната средба со господинот Пешетели е одлична можност за директорките на нашите основни училишта директно да се запознаат со планот за изучување на италијанскиот јазик од шесто до деветто одделение во училиштата и да ги договориме наредните чекори. Добрата соработка која ја имаме со Амбасадата на Република Италија продолжува со воведувањето на италијанскиот јазик во училиштата, но и со дргуги заеднички проекти и активности, изјави Герасимовски. Активностите за промоција на изучувањето на италијанскиот јазик во основните училишта почнуваат во март, за веќе во мај да се почне и реализацијата на овој проект во училиштата во Општина Центар. Италијанската амбасада освен поддршката за процесот на изучување на јазикот, има одвоено средства и за стипендии на најдобрите ученици кои ќе го изберат италијанскиот јазик. фф/дма/

Остани поврзан