• сабота, 23 ноември 2024

Од коронавирусот во Србија починале 70.000 лица или еден отсто од вкупното население, вирусот го скрати животниот век за две години

Од коронавирусот во Србија починале 70.000 лица или еден отсто од вкупното население, вирусот го скрати животниот век за две години

Белград, 15 март 2024 (МИА) - Пандемијата на коронавирус имаше поголемо влијание врз човештвото од кој било настан забележан во последните 50 години, вклучувајќи воени конфликти и природни катастрофи. Србија беше погодена доста тешко, дури и повеќе од речиси сите други земји, со 70.000 смртни случаи, што е повеќе од еден отсто од вкупното население. Таа предизвика просечниот животен век на луѓето низ светот во просек да се скрати за околу две години, јави дописникот на МИА од Белград.

Во март 2020 година во Србија е забележан првиот случај на коронавирус, а деновиве се одбележува годишнината од прогласувањето пандемија на Ковид-19, кој го зафати целиот свет. Стапката на смртност, според последните податоци, е зголемена за 22 отсто кај мажите и за 17 отсто кај жените.

Д-р Зоран Радовановиќ, епидемиолог, за Белградска Н1 изјави дека е прашање на време кога ќе се појави нова пандемија во светот, посочувајќи дека Србија беше сериозно погодена од коронавирусот пред четири години.

-Во 2019 година, Светската здравствена организација обезбеди листа на можни причини за пандемијата. Исто како што ја имавме пандемијата на колера претходно, потоа СИДА, а потоа и пандемијата на свински грип во 2009 година. Тоа беше прашање на време. Што се однесува до Кина, тоа се случи на крајот на 2019 година. Во Србија првите случаи беа во март 2020 година. Оттогаш и официјално се соочуваме со Ковид. Србија беше прилично силно погодена, дури и повеќе од речиси сите други земји, имавме 70.000 смртни случаи, што е повеќе од еден отсто од вкупното население на Србија, изјави епидемиологот.

Тој посочи дека очекуваниот животен век на глобално ниво е скратен за две години.

-За да го разбереме обемот на тоа, мораме да направиме споредба: ако ракот исчезне, сите форми на рак, просечниот човечки животен век би се продолжил за нешто повеќе од две години, а ковидот направи да се намали за толку. Во светот се проценува дека само во 2021 година благодарение на вакцината се спасени 20 милиони луѓе, посочи Д-р Зоран Радовановиќ. об/ссм/

Остани поврзан