• петок, 27 декември 2024

Од Кабинетот на Сиљановска-Давкова потврдуваат дека е стигната писмената оставка од амбасадорот Фрчкоски

Од Кабинетот на Сиљановска-Давкова потврдуваат дека е стигната писмената оставка од амбасадорот Фрчкоски

Скопје, 22 август 2024 (МИА) - Од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за МИА потврдуваат дека е стигната писмената оставка од Љубомир Фрчкоски, кој ја извршуваше функцијата амбасадор и постојан претставник во Обединетите нации. 

Оставката, како што објавија дел од медиумите, е доставена и до Министерството за надворешни работи.

Фрчкоски на амбасадорката позиција во Њујорк беше назначен во 2022 година. Указот за неговото назначување го потпиша тогашниот шеф на државата Стево Пендаровски. 

Неодамна, Фрчкоски беше повикан на разговор во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија поради наводни финансиски нерегуларности во работењето на претставништвото, но како што изјави министерот Тимчо Муцунски, до разговорот се уште не дошло поради здравствени причини на амбасадорот. аа/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан