• вторник, 19 ноември 2024

Од Италија стигна демант за смртта на Рајола

Од Италија стигна демант за смртта на Рајола
Милано, 28 април 2022 (МИА) – Во италијанските медиуми попладнево излезе демант за наводната смрт на Мино Рајола која денес ја пренесоа голем број светски спортски медиуми. Откако најпрво новинарот Танкреди Палмиери објави дека 54-годишниот Рајола починал по долго боледување, предмалку се појави демант, а на твитер-профилот на најпознатиот фудбалски агент објавен е следниов статус: -Бев прогласен з амртов по втор пат за четири месеци. Изгледа дека можам да воскреснам. Во јануари 2022 година, беше објавено дека Раиола поминал неколку недели во миланската клиника Сан Рафаеле поради здравствени проблеми. Рајола е агент на голем број познати фудбалери, меѓу кои Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба, Ерлин Холана, Џанлуиџи Донарума и многу други. зс/

Остани поврзан