• сабота, 23 ноември 2024

Од дронови и снајпери до електрошокови е новото оружје на албанската Национална гарда

Од дронови и снајпери до електрошокови е новото оружје на албанската Национална гарда
    Тирана, 4 октомври 2021 (МИА) - Албанската влада објави дека донесла одлука за опремување на Националната гарда со оружје и невропарализирачки средства. Владата сугерира дека ова ново оружје ќе го користи Националната гарда во случај на протести за менаџирање со толпи. Во Службен весник е објавена целосната одлука со сите видови оружје што ќе се најде на списокот со средства што ќе ги користи гардата во случај на потреба од настани под нејзина надлежност. Во неа се наведува дека гардата ќе биде опремена со камери, пневматско оружје, спреј, пушки, електрошокови, снајпери, акустични и димни гранати, придушувачи, анти-експлозивни куфери, антиробот експлозиви, ограничувачки уреди за употреба на сила, GPS системи, системи за беспилотни летала (дронови) и многу други уреди. вт/

Остани поврзан