• четврток, 26 декември 2024

Од денешното силно невреме во Велес на повеќе места во градот паднати големи дрвја и гранки

Од денешното силно невреме во Велес на повеќе места во градот паднати големи дрвја и гранки

Велес, 18 септември 2021 (МИА) - Како последица од денешното краткотрајно но силно невреме со дожд, ветер и ситен град што претпладнево го зафати Велес насекаде низ градот на јавните површини како и во Градскиот парк и паркот на Гимназијата и на други места во градот, имаше паднати повеќе големи стебла и цели дрвја и купишта гранки.

Поради конфигурацијата на градот, песок од високите улици ги затрупаа главните сообраќајници во нискиот централен  дел од градот и секаков друг вид смет. Вработените на ЈКП„Дервен“  со  механизација,трактори  и рачно цел ден низ велешките улици го собираа песок, гранки и други купишта смет од невремето по сообраќајниците.Работеа до доцна вечерва по што со цистерна со вода ги измија сообраќајниците.

Критично место во градот беше и Автобуската станица која е лоцирана под Мостот „Гемиџии“ и улицата која води кон Градскиот  пазар кои по дождот  беа пренатрупани со купишта на кал и песок. ад/нд/

Остани поврзан