• четврток, 26 декември 2024

Од денеска електронски ќе се врши увид во Детален урбанистички план на Општина Куманово

Од денеска електронски ќе се врши увид во Детален урбанистички план на Општина Куманово
Куманово, 1 септември 2020 (МИА) - На официјалниот сајт на општина Куманово kumanovo.gov.mk од денеска граѓаните по електронски пат ќе имаат увид во фактичната состојба на деталниот урбанистички план (ДУП) и градежните парцели во општината. Како што информираат од општината, секој граѓанин кој ќе сака да види што е предвидено во неговата катастарска парцела ќе може тоа да го направи преку апликација.
-Апликацијата е поставена на сајтот на Општина Куманово, каде граѓаните ќе можат да се регистрираат како корисници и да си дадат точки на интерес. Во однос на тоа за што се заинтересирани, тие и ќе добиваат информации (пример дали за нивниот дел се работи некој детален урбанистички план, доколку се работи за тој дел се организира јавна анкета и презентација и тие ќе бидат известени на нивната е-маил адреса за да можат да бидат присутни). За подетално користење на апликацијата граѓаните може да видат на следниот линк (http://141.136.14.14/Account/Login)- наведуваат во објавата на општината.
Оваа е првичната верзија на апликацијата а понатаму, најавуваат од општината, ќе работат и на нејзино надоградување, со цел да биде што е можно подостапно за граѓаните.
Апликацијата е направена со средства од буџетот на Општина Куманово, а таканаречената „паметна електронска карта“ ја изработил економскиот оператор „ИНЦ системи“ од Скопје.ам/бт/

Остани поврзан