Од денеска едносменска настава во село Гајре, најави градоначалникот на Тетово, Касами
- Градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами, најави дека од денеска ќе започне да се применува моделот на настава со една смена во наставниот процес во селото Гајре, што е важен чекор, како што подвлекува за подобрување на условите за настава и развојот на образованието.

Тетово, 7 март 2025 (МИА) - Градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами, најави дека од денеска ќе започне да се применува моделот на настава со една смена во наставниот процес во селото Гајре, што е важен чекор, како што подвлекува за подобрување на условите за настава и развојот на образованието.
Како што соопштија од Општина Тетово, овој модел е дел од заложбите на општинската администрација за модернизација и развој на образованието во градот и во руралните средини.
Касами истакнал дека оваа промена е уште еден позитивен чекор кон обезбедување подобри можности за учениците и е инвестиција за подобра иднина за следните генерации. Тој го оценил ова како континуирана напорна работа за обезбедување на поефикасен и попостојан образовен систем.
- Посветени сме на подобрување на условите за учење во сите училишта! Наставата во село Гајре од денеска ќе се одвива во една смена, уште еден позитивен чекор за развој на образованието и обезбедување подобри можности за учениците. Ова е чекор напред за да се обезбеди подобра иднина за идните генерации, изјавил Касами.
Оваа промена е дел од поширока стратегија за подобрување на секој аспект на образовниот систем во општина Тетово. Градоначалникот Касами ја поздравил оваа иницијатива во рамки на Денот на учителот, 7 Март, нагласувајќи дека наставниците се тие кои нудат надеж и инспирација за целото општество.
Општина Тетово, се наведува во соопштението, ќе продолжи да инвестира и го поддржува образованието како главен приоритет за развојот на градот и за подготовка на посветла иднина за следните генерации. цр/ац/
Фото: МИА архива