• четврток, 26 декември 2024

Од денеска во функција локомотивата со број 462-002, која била вон употреба повеќе од пет години

Од денеска во функција локомотивата со број 462-002, која била вон употреба повеќе од пет години

Скопје, 22 февруари 2023 (МИА) - Од денеска ќе профункиционира локомотивата со број 462-002, која била вон употреба повеќе од пет години, информираа денеска од ЖРСМ Транспорт АД-Скопје.

За поправка на оваа локомотива биле заштедени 500.000 евра, со тоа што, се наведува во соопштението, е извршена потребната поправка со сопствени капацитети што ги поседуваат.

-Денеска сме тука да прославиме еден од нашите успеси, по цели шест месеци посветеност. Нашата работа и визија беше ова, со максимална посветеност на секои 5-6 месеци да пуштиме во употреба локомотива која со години и години беше нефункционална. Ставањето во функција на оваа локомотива ќе ги зголеми нашите приходи, се посочува во соопштението од ЖРСМ Транспорт АД-Скопје. цр/дма/

 

фото: ЖРСМ Транспорт АД-Скопје

Остани поврзан