• недела, 24 ноември 2024

Од денеска во Скопје издавање лични карти во надлежни полициски станици, според место на живеење

Од денеска во Скопје издавање лични карти во надлежни полициски станици, според место на живеење

Скопје, 11 март 2024 (МИА) - Министерството за внатрешни работи од денеска почнува со нов начин на издавање лични карти за жителите на Скопје.

- Анализата на успешноста на доставата на лични карти на домашна адреса на граѓаните на територија на Град Скопје доведе до заклучок дека е нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна, а истовремено го нема посакуваниот ефект и кај граѓаните и кај полициските службеници кои беа задолжени за достава, стои во соопштението. 

МВР информира дека од денеска почнува нов процес за издавање лични карти во просториите на месно надлежните полициските станици, според место на живеење на граѓанинот наведено во личната карта.

Секој граѓанин ќе може да пристапи во кој било период од денот, секој ден од неделата, со цел да си ја подигне готовата лична карта. мд/дма/

Фото: МВР архива

Остани поврзан