• недела, 24 ноември 2024

Од Грција за Финска заминаа 22 деца бегалци без придружба

Од Грција за Финска заминаа 22 деца бегалци без придружба
Атина, 31 август 2020 (МИА) – Од атинскиот аеродром, утрово, за Финска заминаа 22 деца бегалци без придружба сместени на грчките острови, јави дописничката на МИА од Атина. Во рамките на европската програма за релокација на 1.600 деца бегалци од Грција во Европа, финската Влада се обврза да преземе 100 деца, а како што соопштуваат од Министерството за миграција и азил на Грција, во следниот период, за Финска ќе замине и последната група од 28 деца бегалци без придружба. ср/сд/  

Остани поврзан