• среда, 25 декември 2024

Од воениот преврат во Мјанмар се убиени 581 лице

Од воениот преврат во Мјанмар се убиени 581 лице
Најпитав, 7 април 2021 (МИА) – Најмалку 581 лице е убиено во насилствата и воениот удар на 1 февруари во Мјанмар, покажуваат најновите податоци на организација за заштита на човекови права. Здружението за помош на политички затвореници (ААПП), со седиште во Тајланд, соопшти дека во изминатите 24 часа биле убиени 11 лица. Според организацијата, бројот на загинати се искачи на 581, а приведени се вкупно 2.750 лица. Во исто време, издадена е потерница за 463 лица кои беа против пучот. Армијата на Мјанмар изврши претрес во црквите во Качин во потрага по демонстранти. Армијата на Мјанмар изврши воен удар на 1 февруари годинава и ја презеде власта во земјата под изговор дека изборите во ноември биле нерегуларни. Војската прогласи едногодишна вонредна состојба и ги уапси членовите на Владата, меѓу кои и лидерката на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи. Масовните протести против воениот удар почнаа на 6 февруари. јт/

Остани поврзан