• среда, 20 ноември 2024

Од верските календари

Од верските календари
4 јануари 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 декември. Денеска е Св. великомаченица Анастасија. Зборот маченик е превод на грчкиот мартис, што значи сведок. Значи, мачениците се сведоци, кои со својот чудесен живот сведочат за една божествена стварност што им е достапна на луѓето. А тие што со животот покажале посебно сведоштво за распнатиот и воскреснат Христос, Црквата ги нарекува великомаченици. Таква беше оваа света Анастасија, по потекло римјанка од виден род. Таа ги поднесе сите неприлики со својот маж, незнабожец, ја поднесе тежината на затворот и во сето тоа не престана да ги помага затворениците и сите што се наоѓаа во некоја мака. Заради таа своја вина од римските управници свети Анастасија беше наградена со смрт, а од Христа со живот во неговите вечни живеалишта. Свети Анастасија пострада во 290 година. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Анџела. Била родена во 1248 година, во градот Фолиwо, во Италија, во многу богато семејство. Родителите добро ја воспитале. Се омажила млада и во бракот имала неколку деца. Се грижела за децата и успеала христијански да ги воспитува децата. Кога умрел нејзиниот маж, се откажала од целото богатство и им го дала на сиромашните и отишла во Асизи и замолила да ја примат во Третиот фрањевачки ред. Строго му се покорила на редот, се до крајот на животот. Умрела како светица, во 1309 година.

Остани поврзан