• сабота, 23 ноември 2024

Од верските календари

Од верските календари
19 јануари 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 јануари. Денеска е Богојавление (Водици). Овој празник е еден од најголемите христијански празници. Познато е дека се празнувал уште во вториот век од христијанската ера. Конкретно е поврзан со крштевањето на Исус Христос од свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Грците овој празник го нарекуваат Богојавленија, множината укажува дека во себе ги собира сите богојавленија од почетокот на светот и векот; а за време на крштевањето на Исус Христос Бог јасно и конечно се пројави како Света Троица, Отец, Син и Дух Свети. Овој празник се нарекува уште и Водици, заради големиот водосвет, што го извршува Црквата на овој ден. Големиот водосвет е симбол на обновувањето на нашата огревовена природа и на целиот космос преку вода и Дух. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Германик. Тој го поднел мачеништвото во Смирна во 155 година по Христос. Од него се барало да се одрекне од верувањето во Христос, а кога не се согласил почнале да го мачат. Толку го мачеле, што гледачите во арената се згрозиле и плачеле од ужас, додека Германик и неговите другари останале мирни и покрај големите болки. Со тоа покажале дека Христос е со нив. Во тие часови размислувале само за вечниот живот и вечната радост, презирајќи ги сите земски маки и по еден час мачење, се спасиле од вечната казна. Тоа што ги зачудило прогонителите и мачителите на христијаните е дека и во последните часови од животот во тие маки, им простувале на своите непријатели. ###

Остани поврзан