• сабота, 21 декември 2024

Од верските календари

Од верските календари
25 април 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 април. Денеска е Св. Василиј Исповедник. На историската сцена свети Василиј заблеска во времето на иконоборечкиот византиски император Лав Исавриецот (717-747). Заради неговиот добродетелен живот тој беше ракоположен за епископ на малоазискиот град Парија. Во текот на своето епископство многу пострада од еретиците иконоборци, држејќи се секогаш до правото исповедање на верата, па со право Бог го прослави, преку црквата придодавајќи му го името Исповедник. Се упокои во мир, откако во се му угоди на Бога. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Марко. Свети Марко го следел свети Петар на неговите апостолски патувања. Заедно со свети Петар отишол во Рим. На римските верници им ги преведувал говорите на Петар бидејќи многумина не разбирале латински и грчки. На нивно барање, во 44 година настанало Марковото евангелие со кое сакал да докаже дека Исус Христос е Син Божји. Марко во апостолските патувања го следел и апостолот Павле. По маченичката смрт на свети Петар и Павле во 67 година, за време на царот Нерон, Марко заминал во Египет. За време на светата Миса во Александрија во 68 година, паганите го убиле. ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР Времето за ифтар и суфур Во Скопје, времето за ифтар (кога завршува постот), денеска е во 19 часот и 32 минути, додека времето за суфур (кога почнува постот) е во 3 часот и 48 минути. Времето за ифтарот и суфурот во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес две минути порано, Штип три минути, во Кочани четири минути, во Струмица и Валандово пет минути, а во Делчево шест минути порано. За разлика од времето за ифтарот и суфурот во Скопје, во Ресен и Битола ифтарот и суфурот почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево две минути, а во Охрид, Дебар и Струга пет минути подоцна. ###

Остани поврзан