• четврток, 26 декември 2024

Од верските календари

Од верските календари
12 март 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 февруари. Денеска е Свети Василиј Исповедник. Тој бил другар и соработник на Свети Прокопиј Декаполит. Василиј верно го следеше својот учител Прокопиј и во време на мир и кога беа гонењата. Претрпе многу маки од иконоборците. А кога иконоборците пропаднаа, по Божја промисла Василиј се врати заедно со Прокопиј во својот манастир и таму во пост и молитва поживеа долго и се упокои мирно во 747 година. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Благословен Јероним Кирардучи. Благословен Јероним припаѓал во редот на августинците. Тој ги смирил расправиите меѓу градовите Фермиј и Асколиј. Наспроти расправиите имало многу непријатни случки и народот ги помнел оние кои се бореле за мир. Благословен Јероним умрел во 1335 година. Неговото миротворно настојување дејствувало и по неговата смрт. Секоја година на неговиот празник во Реканатиј се избираат седум мажи и седум жени, кои ќе се занимаваат со помирување на скараните луѓе. ###

Остани поврзан