• четврток, 26 декември 2024

Од верските календари

Од верските календари
2 март 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 февруари. Денеска е Св. Лав папа Римски. Свети Лав по потекло бил Италијанец. За епископ на Римската црква бил избран во 440 година. Со Црквата управува со голема мудрост, давајќи им пример со својот живот на свештениците и останатите христијани. Имал многу важна улога во одбраната на православната вера пред Четвртиот вселенски собор. Инаку, со Римската црква управувал во многу тешко време, тоа е времето на хунските и вандалските напади на Рим. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Симплициј. Управувал со црквата од 468 до 483 година. За неговиот понтификат, во 476 година пропаднало Римското Царство. Црквата на христијанскиот Исток била вознемирувана од последиците на монофизитското кривоверство. Монофизитите ја негувале човечката природа во Исус Христос. Папата Симплициј се борел против овие тешки ерези во своите проповеди. Умрел во 483 година. ###

Остани поврзан