• четврток, 19 декември 2024

Од Велика Британија во Албанија трансферирана нова група осуденици за тешки кривични дела

Од Велика Британија во Албанија трансферирана нова група осуденици за тешки кривични дела
Тирана, 16 јули 2022 (МИА) - Врз основа на договорот меѓу двете земји за трансфер на затвореници, со посебен авионски лет од Велика Британија, во Тирана синоќа трансферирана е третата група албански државјани, осудени за тешки кривични дела, јави дописничката на МИА од Тирана.
Станува збор за 23 лица осудени главно за шверц со дрога, со вкупна затворска казна од 55 години.
- Меѓу депортираните е и едно лице осудено на пет и пол години затвор за шверц на дрога од класа А. Друг исто така е осуден на три години и четири месеци затвор за производство на дрога од класа Б, наведуваат медиумите.
Пренесуваат и изјава на Прити Пател од британското МВР во која се наведува дека „тие криминалци се одговорни за ужасни злосторства со дрога кои уништуваат животи, семејства и заедници".
 

Досега во Албанија се трансферирани 236 албански државјани, осудени за разни кривични дела во Обединетото Кралство. вт/паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан