• понеделник, 23 декември 2024

ОДС: Нема стратегија за домување веќе 12 години - потребно е јавно домување наменето за различно групи на граѓани

ОДС: Нема стратегија за домување веќе 12 години - потребно е јавно домување наменето за различно групи на граѓани

Скопје, 7 септември 2024 -

Во изминатите два дена, во Македонија се одржаа работилници на тема домување и станарски права, водени од експерти од Шведска унија на станари во партнерство со Организација за домување и станари од Македонија (ОДС). Иницијативата е насочена кон трансфер на добри практики и поддршка во унапредување на постоечките законски регулативи за домување и права на станарите во земјава.

На овие работилници беа споделени искуства, позитивни примери, и споредба на законските регулативи од Македонија и Шведска. Членовите на Организацијата за домување и станари посочија дека потстанарите во Македонија се соочуваат со бројни предизвици како што се нелегални договори за закуп, регулирање на цената на пазарот на недвижнини, немањето стратегија за домување веќе 12 години, потребата од јавно домување наменето за различни групи на граѓани, како и недостатокот на политичка посветеност и приоритетите на политичарите за проблемите со домување и станарите.

Официјална работна средба беше организирана во просториите на Регулаторна комисија за домување за можностите за соработка, партнерство и развој на заедничка програма во следните 2 години.

Дискутирани беа различни области каде ќе може да се оствари соработката и направени беа компаративни анализи во делот на домување и законски регулативи во двете земји. На состанокот беше истакнато дека голем предизвик се недостатокот на инспектори за домувње, кои во моментот ги има само 15. Регулаторна комисија за домување изготви измени и дополнување на законот за домување и веќе има подготвено анализа и предлози за унапредување на состојбата со домување, кои беа доставени до Министерство за транспорт и врски, и истите се разгледани од работната група формирана од страна на министерот за транспорт и врски.

Експертите од Шведската Унија на станари посочија дека секоја година имаат повеќе од 300 илјади повици од граѓани што имаат проблеми со нивното домување. Нивното членство брои блиску 600 000 членови, што е скоро една 10тина од популацијата и тоа им дава сила и можност за застапување на правата на домување и станари. Тие потенцираа дека ги покануваат политичарите и другите чинителите во општествотот да разговараат за прашањата и да влијаат врз законодавството во интерес на станарите и пристапот до квалитетно и пристапно домување за нивните членови и генерално за сите станари.

Вториот работен состанок за подобрувањето на домувањето предвидено е да се одржи во октомври во Шведска, каде ќе се усвои 2 годишна програма 2025/2026. Иницијативата е поддржана од Шведски Институт.

Организација за домување и станари од Македонија

Фото: ОДС

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан