Одржувањето предвремени избори не е поврзано со датумот за преговори со ЕУ, смета Мицкоски
- И да добиеме и да не добиеме датум за преговори во јуни, потребно е да имаме предвремени парламентарни избори, затоа што народот тоа го бара од нас политичарите. Нашата држава се движи во пог
![Одржувањето предвремени избори не е поврзано со датумот за преговори со ЕУ, смета Мицкоски](https://new.mia.mk/index.php/images/20221113135659_big_730x400_7.webp )
Скопје, 19 мај 2022 (МИА) - И да добиеме и да не добиеме датум за преговори во јуни, потребно е да имаме предвремени парламентарни избори, затоа што народот тоа го бара од нас политичарите, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
- Ние и да добиеме и да не добиеме датум, потребно е да имаме предвремени избори, народот тоа на сите анкети го бара од нас политичарите, бидејќи повеќе од три четвртини наши сограѓани мислат дека Македонија се движи во погрешна насока и дека оваа Влада треба да си замине, изјави Мицкоски за време на посетата на скопската Општина Аеродром во одговор на новинарско прашање.
Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, добивање или не добивање на датумот за преговори не е поврзано со предвремени парламентарни избори, бидејќи како што посочи, живееме во најкорумпирана земја, со најслаба економија на Балканот и со најлош здравствен систем.
-Нас ни треба едно суштинско ресетирање на системот, суштинска промена и реформи. Во спротивно, ние ќе продлжиме во тонењето и ќе нижиме неуспеси наместо успеси. Гледаме сите идат напред ние одиме назад, додаде Мицкоски. бт/сп/
![](/articles/images/%d0%bc%d0%b8%d1%86%d0%ba%d0%be%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b0%d1%80%d1%85%d0/v0ntwy2SR/placeholder.webp?use_watermark=0)