Одржан состанок на Управниот одбор на ReSPA во Варшава: Потпишан Меморандум за соработка со Националното училиште за јавна администрација на Полска
- СООПШТЕНИЕ - Во Варшава денескa се одржа состанокот на Управниот одбор на Регионалното училиште за јавна администрација – ReSPA, каде Маја Рисова Мутлулар, шеф на кабинет на министерот за јавна администрација, учествуваше како член на Управниот одбор и истакна дека беа донесени значајни одлуки кои ќе ја зацврстат улогата на ReSPA како клучен партнер за унапредување на јавната администрација во регионот.

9 април 2025
Во Варшава денескa се одржа состанокот на Управниот одбор на Регионалното училиште за јавна администрација – ReSPA, каде Маја Рисова Мутлулар, шеф на кабинет на министерот за јавна администрација, учествуваше како член на Управниот одбор и истакна дека беа донесени значајни одлуки кои ќе ја зацврстат улогата на ReSPA како клучен партнер за унапредување на јавната администрација во регионот.
Во рамки на состанокот беше потпишан и Меморандум за соработка со Националното училиште за јавна администрација на Република Полска, со што дополнително се проширува мрежата за професионална размена и регионална соработка.
Преку ваквите форми на соработка, се обезбедуваат нови можности за размена на искуства, градење институционални капацитети и воведување добри практики кои ќе придонесат за подобрување на јавните услуги за граѓаните.
Министерството за јавна администрација на Република Македонија останува силно посветено на спроведување на реформите во јавната администрација и активно учествува во иницијативите на ReSPA.
Заедно градиме модерна, ефикасна и транспарентна јавна администрација!
Кабинет на министер за јавна администрација
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.