• четврток, 19 декември 2024

Одржана 10. седница на Влада: Северна Македонија влезе во програмата „Фискалис“ на ЕУ за унапредување на даночниот систем

Одржана 10. седница на Влада: Северна Македонија влезе во програмата „Фискалис“ на ЕУ за унапредување на даночниот систем
Скопје, 1 февруари 2022 На денешната 10 седница, Владата на Република Северна Македонија го усвои текстот на Предлог-законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам.Според образложението на Министерството за финансии причините за донесување на Законот произлегоа од потребата за негово усогласување со европското законодавство во областа на борбата против организираниот криминал, односно одредбите од Директива 2018/843 за спречување на користење на финансискиот систем за целите на перење пари и финансирање на тероризам од 2018 година.Согласно ЕУ директивата и Меѓународната организација за определување дејствија за спречување на перење пари и на финансирање на тероризам (Financial Action Task Force, FATF), но новото предлог законско решение се вградени и решенија во насока на надминување на ризиците идентификувани со Националната проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам усвоена во 2020 година.На денешната седница е усвоен Извештајот за извршените преговори за усогласување на Договорот меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за учество на нашата земја во програмата на Унијата „Фискалис“ за периодот 2021-2027 година и е прифатен текстот на договорот.Со учеството во „Фискалис“ програмата на ЕУ Владата на Северна Македонија се стекнува со поддршка на даночните власти и оданочувањето со цел да се подобри функционирањето на внатрешниот пазар, да се поттикне конкурентноста на Унијата и правичната конкуренција во Унијата, да се заштитат финансиските и економските интереси на Унијата и нејзините земји-членки, вклучително и заштита на тие интереси од даночна измама, даночно затајување и избегнување данок, како и подобрување на наплатата на даноците.На денешната 10 седница, Владата донесе заклучок и за начинот на изработување и доставување на решенија за изолација за лица кои се позитивни на КОВИД-19 или се контакти на позитивни лица.Според новиот предлог, решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација ќе се објавуваат на веб страницата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и дополнително во Службен весник во најбрз можен рок, при што нема да бидат објавувани лични податоци на граѓаните, односно целосно ќе бидат запазени стандардите дефинирани со Законот за заштита на личните податоци.  Оваа измена се воведува поради зголемениот број граѓани за кои се определува мерката изолација и поради намалениот број денови за изолација, а со цел брз проток на информациите, намалување на временската разлика меѓу моментот кога е констатирана потребата од изолација, издавањето на решението за изолација и неговото објавување. Со новата методологија се намалуваат можностите за злоупотреба во периодот додека не се објави решението, а со тоа се намалуваат и ризиците од дополнителен број случаи позитивни на КОВИД-19 .За овој начин на доставување на решенијата граѓаните ќе бидат претходно известени преку телефонскиот број оставен во установата каде било извршено тестирањето, а ќе постои можност да биде издадена потврда дека е издадена јавна објава за изолација на писмено барање на граѓаните.Потврда за објавено решение за самоизолација може да биде издадена и за потребите на Основното јавно обвинителство или друг јавен орган со надлежност за увид во решенијата за изолација. Владата на Република Северна Македонија денеска ја разгледа и усвои Информацијата за приемот на Република Северна Македонија во полноправно членство во Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот – ИХРА.Во Одлуката за прием на Република Северна Македонија во полноправно членство во ИХРА се истакнува високо признание на политиките на Владата и остварените резултати на планот на сеќавањето, образованието и истражувањето на холокаустот, како и во борбата против антисемитизмот, негирањето и искривеното толкување на холокаустот.Полноправното членство ќе овозможи нашата земја рамноправно да учествува во процесот на донесување одлуки, како и во сите други активности на ИХРА, но едновремено значи и поголема одговорност и засилен ангажман во однос на темите со коишто се занимава ИХРА.Една од темите којашто добива се поголема важност во работата на ИХРА, е и геноцидот и дискриминацијата на Ромите, а за што ИХРА ја има усвоено правната работна дефиниција против дискриминацијата на Ромите која со пристапувањето во Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот, ја прифати и нашата земја. Сектор за односи со јавноста - Генерален секретаријат ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан