• четврток, 26 декември 2024

Одржана пешачка рекреативна тура на врвот Вршник над Велес

Одржана пешачка рекреативна тура на врвот Вршник над Велес
Велес, 18 септември 2022(МИА) - Oпштина Велес и Извидничкиот Одред  „Димитар Влахов” денеска организираа пешачка рекреативна тура до врвот Вршник лоциран над Велес. Извидниците и рекреативци пешачеа пет километри од центарот на градот до врвот Вршник и назад. Воедно на самата рекреативна патека беа поставени  и информативни табли со еколошки пораки, информираат од Општина Велес.
Ангелче Гушев, старешина од ИО „Димитар Влахов“ за МИА изјави дека целта на овој настан е да се врати, односно поттикне планинарењето кај граѓаните, особено кај младите и при тоа тие да ја заштитат и унапредат животната средина во и околината на градот. Инаку оваа активност е дел од седумдневните настани со кои Општина Велес годинава ја одбележува „Европската Недела на мобилност 2022“. Таа ќе биде заокружена во четврток на 22 септември со реализација на завршниот настан возење на велосипед, со што ќе се одбележи Денот без автомобили. ад/сст/

Остани поврзан