Одредени се сите учесници во НБА плејофот и плејин во Источната конференција
- Познати се сите учесници во плејофот и плејинот во Источната конференција на најсилната кошаркарски лига на светот - НБА.

Вашингтон, 6 април 2025 (МИА) - Познати се сите учесници во плејофот и плејинот во Источната конференција на најсилната кошаркарски лига на светот - НБА.
Кливленд, Бостон, Њујорк, Индијана, Милвоки и Детроит директно се пласираа во разигувањето за шампионскиот трофеј.
Во плејин ќе играат Орландо, Атланта, Чикаго и Мајами.
Шансата за пласман во плејофот ја загубија Торонто, Бруклин, Филаделфија, Шарлот и Вашингтон.
НБА плејофот започнува на 19 април. зс/
Фото: ЕПА